Тоскиќ: Сосема заслужено сме во четвртфинале, против Веспрем ќе дадеме се од себе за пласман на Фајнл-фор!

По завршувањето на инфаркт натпреварот во кој македонскиот шампион до самиот крај стрепеше за пласманот во четвртфиналето, свое видување за натпреварот дадоа и тренерот на Вардар, Раул Гонзалес и убедливо најдобриот играч на натпреварот, Алем Тоскиќ.

Раул Гонзалес (тренер, Вардар)

“И честитам на Висла за добрата игра. За нас ова беше многу тежок натпревар, знаевме дека Висла има многу добри играчи. Задоволен сум од победата на овој натпревар, предупредував дека Висла има одличен состав. Во првиот дел почнаввме добро, но тие го имаа Коралес кој одбрани неколку зицери и пенали. Против Барселона, Кил или Веспрем на таквите натпревари можете само да добиете, бидејки тоа се поквалитетни екипи од вас. Но на ваквите натпревари е различно. Противникот имаше предност но на крајот на крилата на публиката успеавме да се вратиме во игра и да стигнеме до големата победа”.

Алем Тоскиќ (пикер, Вардар)

И честитам на Висла на одличната игра денес. Се работи за одлична екипа. Задоволен сум со пласманот во четвртфинале. Се мачевме цел, натпревар но сосема заслужено се пласиравме во четвртфинале. Следуваат доста тешки натпревари. Веќе во понеделник не чека пат за Вараждин на СЕХА фајнл-фор, а исто така и четвртфиналето против Веспрем. Тие се фавотити но ние ке дадеме се од себе да одиграме добар натпревар против нив и да се пласираме на Фајнл-фор турнирот во Келн.