Тоскиќ: Македонија ќе ја памтам како спортска нација, а Вардар како бренд со армија навивачи!

Тој е еден од најдобрите интернационалци кој некогаш го носел вардаровиот дрес. Словенечкиот пикер Алем Тоскиќ е еден од милениците на вардаровите навивачи, и во последните три години незаменлив дел од ростерот на македонскиот шампион. Сепак на жалост на сите љубители на црвено-црната боја, ова е последна сезона за Тоскиќ во Вардар, која се надева дека ќе ја заврши со пласман на фајнл-фор турнирот во Келн.

На прашањето како ќе го памети својот престој во Македонија и искуството со настапите во Вардар, Тоскиќ вели:

Одлично искуство. Вардар како еден врвен европски клуб, кој во иднина ќе биде сѐ подобар и подобар е едно големо искуство за мене. Македонија ќе ја паметам како спортска нација, Вардар како бренд и кој има армија навивачи, голема поддршка од јавноста и навистина со себе ќе носам едно преубаво искуство коешто не можам да го опишам.

Комплетното интервју на Алем Тоскиќ прочитајте го на официјалниот сајт на РК Вардар.