Тоскиќ како најкорисен ракометар го завршува последниот куп во Македонија

Кружниот напаѓач на Вардар, Алем Тоскиќ, по извонредните партии кои ги прикажа во Лигата на шампионите со својата пожртвуваност, координираност и прецизност покажа дека е ракометар од врвна класа. Без него не можеше да се замисли цврстината во одбраната на Вардар изминатите неколку сезони, а оваа последната ќе ја памети и по титулата најкорисен играч на Ф4 во Купот на Македонија.

Тоскиќ во финалето против Металург постигна четири погодоци, но одличната игра во одбрана на двата дуели од Куп завршницата му ја обезбедија титулата МВП. Штербик, кој бранеше само во финалниот дуел и собра 15 одбрани беше прогласен за најдобар голман, додека Филип Талески од Металург е најдобар стрелец со 11 гола во двата дена од завршниот турнир.