Тор Одвар Моен: Се изморивме премногу во првиот дел

Тор Одвар Моен, тренерот на Ларвик после средбата против Вардар му честиташе на противникот за победата и изјави дека е задоволен од тоа како неговите ракометарки одиграле во првото полувреме.
„Загубивме во одличен натпревар. Потрошивме голем дел од енергијата во првото полувреме кога одигравме квалитетно. Можевме да одиграме уште подобро. Доколку искористевме уште некоја шанса ќе му беше потешко на противникот. Ние сме млад тим, кој почна да работи заедно летово. Тешко е да се игра против ривал каков што е Вардар, кој во своите редови има одлични играчи“, коментираше Моен.