Тор Моен: Шокирани сме од ова што ни се случи, Вардар заслужено победи

Екипата на ЖРК Вардар издвојува голема победа против норвешки Ларвик во рамките на четврт-финалето од Лигата на шампионите. По натпреварот видно беше разочарувањето во екипата на Ларвик.

Алма Хасаниќ : „Разочарани сме. Знаевме дека ке биде тешко ама не знаевме дека вака убедливо ќе изгубиме. Имавме голема шанса за победа но со ваква катастрофална игра тоа беше невозможно, се беше катастрофа. “

Тор Моен, тренер на Ларвик: „ Честитки, ова беше фантастичен меч. Ракометарките на Вардар беа попоготвени од нас . Имавме ужасен старт, без голови долго време. Во нападот бевме без ритам и им дадовме можност за трчање и контра напад. Ни попречи можеби големиот одмор што го имавме, па ни требаше време да се адаптираме. Шокирани сме од ова што ни се случи, од високиот пораз. Вардар заслужено победи.