Топло-ладно и против Нигерија за само плус два на полувреме

Репрезентацијата на Македонија до 19 години води и на полувреме против Нигерија, но предноста од 18:16 не е гаранција за мирно продолжение на натпреварот бидејќи до крајот на мечот ќе мора многу да се поправа за да се дојде до победа.

Македонија тргна добро на дуелот против Нигеријците и успеа од почеток да биде во предност. Имаше позитива од четири гола и делуваше сигурно дека ќе нема никаков проблем на средбата за да дојде и до поголема позитива. Сепак, после 9:5 Брестовац ги повлече Серафимов и Младеновиќ и предноста беше стопена и Нигеријците дури стигнаа и до нерешен резултат.

Кадетите успеаја да се вратат во позитива, но таа не беше гаранција за мирно продолжение. Нигеријците исто како и Аргентина премногу лесно успеваа да се снајдат со одбраната на Македонија и да дојдат до лесни погодоци. Тоа беше причина да не може да се отиде на поголема предност па на одмор беше само…

Македонија играше топло-ладно во текот на целото полувреме. Тргна добро, но влезе во криза и тешко се снаоѓаше во нападот, па оттаму на одмор замина само со два гола позитива, но со премногу примени голови. Резултатот од 18:16 не е гаранција за мирно продолжение на средбата.

Најефикасен во овој дел од мечот е Костески со шест гола, додека Серафимов има пет погодоци. Симоновски има три гола после првите 30 минути.