„Топка со очи“ од Столе до Тимур- коментаторот на ЕХФ ТВ падна во транс (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар веќе го решија патникот во четврфиналето на Лигата на шампионите, откако славеа кај Загреб со убедливи 18-27.

Голманот Дејан Милосављев беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, но потегот на мечот го имаше капитенот Стојанче Стоилов.

Вардаровиот напад беше пасивен, но Стоилов упати една „топка со очи“ до Дибиров, кој изнуди пенал. Домашните беа во неверување, а коментаторот на ЕХФ ТВ падна во транс.

Погледнете…