Томовски за 24 Ракомет: Излеговме да одиграме за нас и да уживаме во моментот

Голманот на Металург, Мартин Томовски имаше еден одбранет удар од линијата од седум метри. Тој немаше многу минутажа, но кога беше потребно одбрани удар од пенал и помогна во создавањето на предноста после која Вардар мораше да вложи големи напори за да дојде до подобар резултат.

После средбата Томовски коментираше дека никој не верувал пред средбата дека може да дојде до ваков епилог.

„Не можеше никој да верува. Излеговме да одиграме за нас и да уживаме во моментот. Бевме опуштени и без притисок. Направивме чудо, функциониравме на едно високо ниво, а во пенал рулетот бевме посреќни. Му честитам на мојот колега Дупјачанец за прикажаното, а исто така и на Даниловски“, коментираше за 24 Ракомет, Мартин Томовски.

Со оглед на тоа дека има најави за негово заминување вели дека засега е рано да се зборува за нешто такво.

„Јас сум сè уште играч на Металург. Имам договор со клубот и професионално од моја страна е да завршат обврските и да му помогнам на клубот колку можам, а дали ќе се разделиме останува да видиме“, изјави Томовски.