Томовски: Добрата одбрана и супериорниот напад да се покажат и против Горење

По успешно завршената турнеја низ Украина и Русија, каде беа освоени три бодови во пресметките со Мотор Запорожје и Чеховски Медведи, ракометарите на Металург се враќаат на обврските во СЕХА Лигата. Противник е словенечкиот вицепрвак Горење Велење, а натпреварот ќе се игра в среда, пред да следува репрезентативната пауза. Голманот Мартин Томовски, кој имаше одлични партии на дуелите од ЛШ, очекува да се повтори играта од гостувањата.

„Тимот на Горење Велење ни е доста познат од ланската сезона, имавме една победа дома и еден пораз во гости. Костурот на екипата е скоро ист, иако имаат нови имиња, и тренерот Бабиќ, кој верувам дека добро ќе го подготви момците за натпреварот со нас. Нашата добра одбрана и супериорниот напад, кој се покажа на последните две средби, се надеваме ќе се покаже и сега. Би сакал да упатам еден апел до публиката, да дојде да не поддржи во поголем број и верувам дека ние ќе и се оддолжиме со одлична игра.“– изјави Томовски.

Натпреварот меѓу Металург и Горење се игра в среда со почеток во 18:45 часот.