Томовски: Да и се оддолжиме на публиката за минатиот пораз

Ракометарите на Металург по домашниот пораз од Чеховски Медведи, ги очекува нов дуел во Лигата на шампионите, повторно пред своите навивачи. Противник е можеби најквалитетниот тим во двете групи од послабата конкуренција во ЛШ, Монпелје. Францускиот тим убедливо славеше над тимот од Автокоманда, и сега е фаворит за победа. Голманот Мартин Томовски очекува поквалитетна претстава во споредба со минатиот викенд.

„Ни гостува екипата на Монпелје, добро позната квалитетна која на сите позиции има одлични играчи. Мислам дека по поразот од Чеховски Медведи кој не ни беше во прилог, треба да и се оддолжиме на публикат аза лошата игра.“ – изјави Томовски.

Натпреварот меѓу Металург и Монпелје ќе се одигра в недела со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“.