Томовски го постигна првиот гол во дресот на Лудвигсхафен

Тимот на Лудвигсхафен, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, загуби и на вториот натпревар од групата на Шпаркасен Куп од Гумерсбах со 27-26.

Поранешниот член на Металург, Јанко Божовиќ, му даде погодок на некогашниот соиграч Томовски во последните секунди за конечна победа со еден разлика, 27-26.

На третиот контролен натпревар, Томовски бранеше 40 минути и забележа 11 одбрани, од кои 3 беа удари од седум метри, а плус постигна и еден погодок.

Денеска Лудвигсхафен го игра дуелот со Ајзенах за седмото место. И на овој натпревар ќе има средба на поранешни соиграчи од Металург, бидејќи за Ајзенах игра Анте Токиќ.