Толедо најави кога се враќа (ФОТО)

Новиот Бразилец во редовите на Вардар, Хозе Толедо уште пред да дебитира за „црвено-црните“ мораше да замине на операција за да ги среди проблемите со коленото на десната нога.

Толедо дојде со повреда во Скопје, па мораше веднаш на операција за да ги среди проблемите така што со ова се средуваат сите проблеми и тој ќе може да се приклучи на колегите веројатно во октомври.

Според она што може да се заклучи од фотографијата објавена на неговиот инстаграм профил тој би требало да може да се врати на терените за 42 дена што би значело дека на почетокот на октомври би можел да тренира со своите колеги, па веројатно дури после 6. коло Писонеро ќе може да смета на неговите услуги во Лигата на шампионите.

Дотогаш останува Кристопанс да биде единствениот десен бек, а сигурно тука ќе помагаат другите бекови.