Тобијас Карлсон ја заврши репрезентативната кариера

Капитенот на Флензбург и на шведската репрезентација, Тобијас Карлсон нема повеќе да го носи дресот со националниот грб. 35-годишниот ракометар, познат по борбата за правата на хомосексуалците и по грубата игра на ракометните терени, се одлучи да каже „крај“ на репрезентативната кариера.

„Беше тешко да се донесе ваква одлука по се она што се случуваше на ОИ во Рио. Моето тело не може веќе да одговори на големите напори на повеќе фронтови.“ – изјави Карлсон.

Во клупската кариера играше за Хасто, Ставангер, во два наврати за Хамарби, за Кил, како и за Нордхорн. Тој има одиграно 180 меча и постигнал 81 гол, а најголем успех му е освојувањето на олимпиското сребро на ОИ во Лондон, како и четвртото место на СП во Шведска.

Фото: svt.se