Тинекс Пролет продолжува да се засилува

РК Тинекс Пролет продолжува со градењето на млада и амбициозна екипа. Нов ракометар во тимот на Илија Темелковски е десното крило од РК Металург Јуниор, Илија Крстевски. Пред почетокот на сезоната клубот го ангажираше голманот Стефан Кимевски од Металург Јуниор.

Во првото коло во новата сезона Тинекс Пролет беше поразен од Зомимак, а пак во второто коло пред своја публика го пречекува РК Радовиш.