Тинекс Пролет низ иглени уши во полуфиналето на Купот на Македонија!

Денес во спортската сала „Македонско сонце“ се одигра третиот финален натпревар од четвртфиналната фаза на Купот на Македонија. По успешните настапи против Работнички односно Лозари, екипите на Тинекс Пролет и Металург 2 разигруваа за третиот патник во завршницата на Купот на Македонија.
Тинекс Пролет 25-22 Металург 2 (11-14)
Преку одличниот почеток, младите ракометари од Автокоманда ја одржуваа предноста од два погодока во текот на првите 30-минути. Најзаслужен за водството на екипата на Александар Јовиќ беше Мартин Велковски кој постигна шест погодоци во првиот дел. Екипата на Тинекс Пролет се обидуваше да фати резултатски прклучок, но неколку успешни интервенции на Даниловски и грешките во нападот на Пролет, го чинеа составот на Иле Темелковски разлика од четири погодоци во 27-та минута, 9-13. По првите триесет минути екипата на Металург 2 на пауза замина со три погодоци предност, 11-14.
FLP_4017-2
Пет минути во второто полувреме беа потребни за ракометарите на Пролет да го израмнат резултатот. Во 48-та минута при резултат 17-16 во борба за топка, невнимателниот ракометар на Пролет, Ролевски го повреди Ставридис за што заработи директен црвен картон.
FLP_4195-2
Со два погодока во низа за Андоновски од редовите на Пролет и за Палевски од гостинскиот тим, резултатот се одржуваше на еден разлика. Последните 10 минути им припаднаа на ракометарите на Пролет, со погодокот на Апостоловски во 56-та минута, Пролет имаше четири голови предност 23-19, но во следните две минути со три голови во низа, Секуловски и Ставридис ја намалија разлика на минимални 23-22. Завршниот удар ракометарите на Иле Темелковски го зададоа во последните две минути, за конечни 25-22.
Незадоволни од неколку одлуки на судискиот пар Седлоски и Ангелески, по тајм-аутот на Јовиќ во финишот на мечот, ракометарите на Металург 2 со неспортски потег, во стилот на полските ракометари на полуфиналето на СП во Катар, со ироничен аплауз тргнаа кон судиите на овој натпревар, за што казна заработи клупата на Металург.
FLP_4265-2
По црвениот картон на тренерот на екипата Александар Јовиќ, екипата на Металург 2 застана и го почека крајот на натпреварот.
Натпреварот заврши со резултат 25-22 за екипата на Тинекс Пролет, а најпрецизни на натпреварот беа Трајковски (Пролет) и Велковски(Металург 2), двајцата со осум постигнати погодоци.
FLP_4292-2

ФОТО:ФИЛИП ВИРАНОВСКИ