Тинекс Пролет го совлада Радовиш, за прва победа во плеј-оф завршницата!

Ракометарите на Тинекс Пролет стигнаа до својата прва победа во македонскиот ракометен плеј-оф совладувајки ја екипата на Радовиш со 29-25 (15-10). По минатонеделниот пораз на гостувањето во Струмица против Зомимак, екипата на Тинекс пролет на домашен терен одигра сигурно против Радовиш имајки контрола над резултатот во текот на сите шеесет минути.
Домаќините први го отворија резултатот, а гостите во следниот напад израмнија на 1-1. До средината на првиот дел радовишани успеваа да одржуваат резултатска неизвесност (7:6), но во периодот кој следуваше Тинекс заигра поангажирано во двата правци и благодарение на одличните Трајковски и Димитриевски успеа да изгради сигурно водство најпрво од +3,(10-7), а до крајот на првиот дел стигна и до највисоки пет гола позитива 15-10.
И во второто полувреме домаќините продолжија во исто темпо постојано зголемувајки го своето водство кое достигна до највисоки 19-11. Високата предност ракометарите на Тинекс Пролет рутински ја одржуваа до пред самиот крај на натпреварот, а во последните минути екипата на Радовиш успеа само да го намали високото водство на 28-25. До крајот Тинекс постигна уште еден погодок за конечни 29-25.

РК ТИНЕКС ПРОЛЕТ-РК РАДОВИШ 29-25 (15-10)

РК Тинекс Пролет: Мајнов 2, Ролевски 1, Трајковски 7, Димитриевски 8, Апостоловски 2, Андоновски 5, Стојановски 3.

РК Радовиш: Петров 2, Илиев 9, Фенов 1, Ордев 5, Блажевски 8.