Тимур Дибиров: Сакам “Јане Сандански” да биде неосвоива тврдина!

Екипата на Вардар ја започнува својата сезона во Лигата на шампионите за прв пат во новата спортска сала “Јане Сандански” во сабота во 19:00. Противникот е добро познат, рускиот шампион Чековски Медведи. По тој повод Вардар ја одржа првата прес конференција во рамките на Лигата на шампиони.
Раул Гонзалес, тренер на Вардар:
Мислам дека овој меч е многу важен за нас, два бода во оваа група е секогаш тешко да се заработат. Имаме добар тим против себе, стартуваме со противник кој е прилично силен. Секогаш е важно да се победува на домашен терен, малку се плашам стартуваме во нова сала. Екипата на Чековски Медведи има слична одбрана како и Загреб и се спремаме максимално за тој натпревар.

Тимур Дибиров, ракометар, РК Вардар:
Овој натпревар ќе биде тежок, како и секој во Лигата на шампиони, секоја екипа е шампион во својата земја. Целје е веќе далеку во нашите мисли се вртиме кон новите натпревари. Сакам Јане Сандански да биде новата тврдина и со победа да ја започнеме таа традиција. Медведи се одлична екипа од каде потекнувам и јас. Вардар сака да испише нова историја и затоа ќе мора да одиграме максимално во наредните три натпревари во Лигата на Шампионите.

Натпреварот започнува во 19:00, а вратите се затвораат во 18:45 кога ќе започне најавата на учесниците на овој меч. Во сабота се отвора и фан-шопот на спортскиот бренд Хумел, а од секоја продадена карта 10 денари ќе се донираат во хуманитарни цели.