ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА СТАРТУВАШЕ СО ПОРАЗ:КРИСТИЈАНШТАД ПРЕСИЛЕН ЗА МЕТАЛУРГ

Со натпреварот помеѓу екипите на Металург и Кристијанштад беше означен стартот на првото издание на турнирот “Вардар” за кој како што најавија од редовите на македонскиот шампион се очекува да прерасне во традиција. Шведски Кристијанштад стигна до првата победа лесно совладувајќи го Металург со 21-28 (12-17).

TURNIT VARDAR Metalurg-Kristansdat (26)

Екипата на Кристијанштад освен во почетните осум минути по кои на семафорот стоеше 3-3, имаше комплетна доминација во првиот дел. Гостите од Шведска во 7. минута со головите на Толбринг првпат поведоа со +2, 3-5, а до крајот на првите триесет минути со добра игра само го зголемуваа своето водство кое во 24. минута стигна до највисоките шест позитива 8-14. До крајот на полувремето Металург успеа да намали само еден гол од највисокото водство на гостите и на одмор се замина со резултат 12-17.

Кристијанштад со серија од 3-1 го стартуваше вториот дел и успеа да стигне до највисокота предност од 13-20, но момците на Лино Червар брзо одговорија со три гола во серија со што намалија на 16-20 во 37.минута. Новото засилување на голот на Металург, Дупјачанец со три одбрани во серија на средината на вториот дел го одржуваше Металург во игра, но неговите соиграчи играа безидејно во нападот и не успеаа да ја намалат предноста на шведската екипа. Кристијанштад во типично скандинавски стил со брза и комбинаторна игра ја казнуваше секоја грешка на Металург, и во 49.минута со голот на Герхолм го врати највисокото водство од 18-25. Високото водство швеѓаните го задржаа до самиот крај за конечни 21-28.

VARDAR TURNIR Metalurg-Kristianshtadt-5615

Најефикасни во швесдкиот состав беа Морчеган и Толбриг со по 6 гола, а во екипата на Металург Божовиќ и Матиќ постигнаа по 5.

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ