Тиквеш и Спартак дадоа 39 голови за едно полувреме

Ракометарите на Тиквеш и Спартак го одиграа последниот дуел од 4 коло во Првата Лига. Победата остана за тимот од Кавадарци, кој славеше со 35:30, во натпревар во кој паднаа дури 39 голови во второто полувреме.

Гостите отворија одлично и водеа со 4:9, но Тиквеш се созема на време, па до паузата стигна да израмни на 13:13. До средината на вториот најчесто се играше гол за гол, пред домаќинот да почне да се одлепува резултатски со неколку серии, а водеше и 33:25. Конечниот резултат е 35:30.

Во домашниот тим стандардно се истакна младиот десен бек Васе Витанов со 10 голови, искусниот Тоше Димитриев даде 6, додека Ристе Окардов и Александар Јанчев стрелаа по 5 пати. Кај гостите, подобар од другите беше Бојан Манев со 11 погодоци.