Тешко прво полувреме: Еурофарм Работник има минус на одмор против Хановер

Екипата на Еурофарм Работник тргна одлично во мечот против Хановер, но после 30 минути има негатива од седум гола и резултат од 8:15.

Клучните моменти беа од 8. до 14. минута кога ракометарите на Хановер и ја направија предноста. во тој дел од средбата тие имаа 6:0 и од 3:3 резултатот дојде до 3:9 по што беше навистина тешко да се игра и да се врати во мечот.

Домашните ракометари успеаја да се вратат и да намалат на 5:9, но брзо следуваше противодговор со два нови гола од гостите кои повторно отидоа на плус шест. Имаше проблеми со одбраната на Хановер, а недостигаше и играч кој ќе шутне од далечина од десен бек бидејќи поради повредите на Петровски и Стјепановиќ, Алушовски мораше да игра со Радовиќ или Крстевски.

Тука следуваше нова криза и немаше погодок, па тимот на Хановер успеа да стигне и до предност од десет гола на нешто повеќе од две минути до крајот на првиот дел. Еурофарм Работник немашегол цели 14 минути, а потоа со два гола за 20 секунди дојде до 7:15.

После деветтата интервенција на Чаневски беше добиена шанса за напад за уште еден погодок, а тој дојде после удар од седум метри од страна на Остроушко кој ги постигна последните три гола во првото полувреме.

На крајот од првите 30 минути најефикасни во Еурофарм Работник се Кузмановски и Остроушко со по три гола, а по еден имаат Ојлески и Крстевски. ВО тимот на Хановер најефикасни се Угалде со пет гола и Хефнер со четири.