Течеше крв на сите страни: Манасков со расцепена глава на дуелот против ПИК Сегед! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков со повреда ќе дојде во Македонија за репрезентативните активност. Тој заврши со расцепена глава на натпреварот помеѓу Веспрем и ПИК Сегед, кое го добија ривалот на Вардар во четвртфиналето од ЛШ со 28-27.

Во 23 минута, Манасков доби еден удар во главата од дефанзивецот на ПИК Сегед, Ален Блажевиќ, но судиите не го видоа тоа и оставија играта да тече. Манасков стана, со крвава клава тргна и во пресметка со Блажевиќ и со играчите од клупата на Сегед, но навремено беше спречен поголем инцидент.

Погледнете што се случи…