Тесен пораз на Штериова и Баја Маре

Репрезентативката на Македонија која настапува во романското првенство со својата екипа Баја Маре доживеа минимален пораз на домашен терен од екипата на Бистрица. Гостинките победија 21:22.

Ракометарките на Баја Маре одиграа лошо прво полувреме и на одмор отидоа со минус шест, 9:15. Во вториот дел го подобрија впечатокот но не беше доволно да се избегне пораз. Марија Штериова на натпреварот имаше учинок од еден погодок во поразот на својата екипа. За разлика од претходните одлични изданија репрезентативката на овој натпревар не беше на вообичаеното ниво.

Со овој пораз Баја Маре ја продолжи лошата серија на порази, но останува на осмата позиција на табелата со освоени 25 бодови. Во следното коло шанса да ја прекинат лошата форма ќе имаат на гостувањето кај Бузау.