Терзиќ: Одличен тест пред натпреварот со Монпелје!

По натпреварот од СЕХА лигата, Вардар по победата против Војводина на прес-конференцијата предводен од Гонзалес и  Терзиќ го искажаа задоволството од натпреварот.

Чирковиќ, тренер на екипата на РК Војводина:

Честитам на Вардар за победата, но истотака им честитам на моите ракометари за прикажаната игра. Немам коментар за натпреварот.

Раул Гонзалес, тренер на екипата на Вардар

Во првите 15 минути тие играа добро, но ние не постигнавме доволно голови и не искористиве шанса од контра напади. Во второто полувреме игравме поорганизирано и така дојдовме до посакуваната предност.

Вук Лазовиќ, ракометар на РК Војводина:

Честитам на Вардар за победата и фер и коректна машка игра. Честитки  до соиграчите , ова беше одличен тест за нас, да видиме на што сме бидејќи не очекува натпреварот од  ЕХФ купот.

Стефан Терзиќ, ракометар на РК Вардар:

Мислам дека беше тешок натпревар бидејки во саботата патувавме цел ден, а играчите беа изморени.Ова беше еден добар тест за Вардар. Сега е најбитно да се концентрираме на натпреварот против Монпелје во сабота. Војводина се чини дека игра цело време една иста одбрана, но го работи тоа многу добро и дисциплинирано. Ни зададоа проблеми во организирање на играта, но на крај победивме.