Темишвар со предност патува за Рибница, Бенфика со пет негатива се враќа од Полска

Во рамките на третото коло од ЕХФ Купот, романскиот состав Темишвар обезбеди висока предност против словенечката екипа Рибница во пресрет на реванш натпреварот кој е закажан за седум дена во Словнија. Составот на македонските репрезентативци Филип Лазаров и Златко Даскаловски по првиот натпревар има пет погодоци предност откако првиот дуел во Темишвар заврши со конечни 27-22 (14-11).

Левиот бек на македонската репрезентација Филип Лазаров одигра добар натпревар кој го заврши со четири постигнати голови. Најпрецизен во домашниот состав беше поранешниот ракометар на Вардар и младинската репрезентација на Македонија, Марко Симовиќ со 8 погодоци, додека Вук Милошевиќ го следеше со 7. Во гостинскиот состав напрецизен беше Гребенц со 6 голови, а Лебан постигна еден помалку.

Реванш натпреварот е закажан за 26.11.2016 во Рибница со почеток од 19:00.

Во Пулави се одигра првиот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот меѓу Азоти Пулави и Бенфика на македонскиот репрезентативец Никола Митрески. По првиот дуел португалскиот состав има негатива од пет погодоци откако натпреварот заврши со конечни 34-29 и во Лисабон ќе мора да победи со повеќе од пет погодоци доколку има амбиција да игра во групната фаза од ЕХФ натпреварувањето

Реванш натпреварот е закажан за 27.11.2016 во Лисабон со почеток од 16:00.