Темелков и Каерјенг направија подвиг, го елиминираа српскиот шампион Војводина

Иако двата меча од првото коло на ЕХФ Купот се играа во Луксембург, сепак се чинеше дека српскиот шампион Војводина ќе нема проблеми да го елиминира тамошниот шампион Каерјенг, каде што настапува македонскиот интернационалец Владимир Темелков.

Сепак на теренот се покажа спротивното. Војводина на првиот меч победи со минимални 31:30 и беше за очекување дека во вториот меч нема да има поголеми проблеми, но домашните славеа со 28:25 и само ја продолжија кризата на српскиот првак, кој не се пријави за Лигата на шампионите, а нема да игра ниту во СЕХА Лигата оваа сезона.

Темелков иако во поодминати години, се уште игра активно. Тој беше стрелец на 4 голови (по два на двата меча) и два пати заработи жолт картон. Во второто коло ќе гледаме македонски дуел, бидејќи Каерјенг ќе се сретне со португалскиот тим Бенфика, каде игра Никола Митревски.