Темелковски: Лигата е со ист квалитет како лани, со уште две засилувања Струга може во плеј-оф

За екипата на Струга сезоната стартуваше со реми во Скопје кај Работнички на натпревар на кој се очекуваше да се обезбеди победа. Сепак, во последните моменти од натпреварот домашните израмнија.

Сезоната ќе биде долга, а ќе има многу натпревари така што уште не е ништо завршено и допрва ќе се води битката за првите четири позиции.

„Квалитетот во лигата е горе доле ист како и минатата година. Еурофарм Работник не е вово лигата, но тука повторно е добар Металург. Бутел Скопје евидентно го држи нивото од лани. Покажа квалитет и игра за пласман во Европа. Охрид е засилен и амбициозн ќе влезе во сезоната. Има нов тренер, но и нови играчи. Целта  е плеј-оф . Пролет е стабилен, тоа е тим кој со себе носи квалитет во оваа лига. Ние ќе се трудиме со многу работа да се приближиме. Тука е и Пелистер и не знаеме како ќе се развива ситуацијата. Радовиш е исто така тука во овие екипи каде ќе се брка пласман од 1-4 место. Не смее да се заборават и Вардар јуниор . Од година во година тимот напредува. Децата не се за потценување“, вели тренерот на Струга, Илија Темелковски за новата сезона.

Во амбициите на Струга за новата сезона е да се тргне добро, а доколку има простор да се нападне за пласман во плеј-офот.

„Целта со оглед на квалитетот на лигата и на екипата, ако останеме здрави и добри е да се бориме за горниот дел од табелата. Уште бараме левак на десен бек. Ако најдеме пристојно засилување имаме големи шанси да се замешаме меѓу првите четири тима за плеј-оф. Ќе ни недостигаат 1-2 играчи во задна линија. Би биле покриени солидно ако успееме да најдеме квалитетни ракометари. Уште не можам да кажам точно. Амбициите се да бидеме горе на табелата. Првенството е долго. Кога имаше 2-3 квалитетни играчи и тие се лидери во тимот, ако дојде повреда тоа ќе ти го осакати тимот. Да бидеме здрави и добри а доколку најдеме пристојно засилување тогаш ќе се вмешаме во овие четири состави за првите четири места“, коментираше Темелковски за новата сезона во Супер лигата.