Текстилец и Астраион ги поделија бодовите

Третото реми во 2. коло од Првата машка лига дојде од Штип каде составот на Текстилец одигра со резултат 22:22 против Астраион од Струмица.

Штипјани и струмичани одиграа натпревар со постојани промени. Често доаѓаше до менување на тимот кој е во водство и не можеше никој мирно да го приведе мечот кон крајот.

Астраион успеа да го реши првиот дел од средбата во своја корист, но имаше само еден гол предност.

Во второто полувреме Текстилец дојде и до 19:17, а потоа застана, па мораше да се спасува на крајот од средбата бидејќи Астраион влезе со предност од 22:21. Сепак, според прикажаното на крајот дете екипи ги поделија бодовите.

ТЕКСТИЛЕЦ – АСТРАИОН           22:22 (9:10)

Сала: ОУ „Тошо Арсов“ во Штип. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

ТЕКСТИЛЕЦ: Атанасов, Ристов, Петров, Хаџиниколов 2, Гогов, Митрев,Сичков 7, Иванов 4, Кипријановски, Крстов 4, Јовановски, Трајковиќ 3, Попов 2.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 6 мин.

АСТРАИОН: Гогов, Кочев, Нурев, Котевски, Ефтимов, Велков 2, Партинов, Кавазов, Стојанов, Беџовски, Перовановиќ, Стојанов  4, Кантарџиев, Касапов 4, Ончев 12, Каркалашев.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 14 мин.