Теж: Полни сме со самодоверба, нашата цел е пласман на ЛОИ во Рио! (ВИДЕО)

Пикерот на репрезентацијата на Тунис, Исам Теж е еден од најдобрите ракометари на оваа земја. Ракометарот кој цели 12 години (од 2003 до 2015 година) настапуваше во Француското првенство (Селестат и Монпелје) многу добро го знае Европскиот стил на игра, како и македонските репрезентативци против кои имаше шанса да настапува во ЛШ како и во настапите на големите натпреварувања. На последниот натпревар помеѓу двете репрезентации на СП во Катар кој нашата репрезентација го доби со 33-25, Теж беше најпрецизен со 6 постигнати погодоци. Денеска од 18:00 часот Македонија и Тунис ќе започнат нова борба која носи многу поголема добивка а тоа е остварување на најголемата желба на двете нации, пласманот на ЛОИ 2016 во Рио. Погледнете што пред најзначајниот дуел во овие квалификации за 24Ракомет ТВ изјави пикерот на Тунис, Исам Теж.