Тежок удар за Мешков Брест, веќе не е неприкосновен во Белорусија (ВИДЕО)

Ракометарите на Мешков Брест веќе неколку сезони се редовни во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите, но и покрај тоа не можат да останат неприкосновени со оглед на фактот дека веќе претрпеа тежок пораз во првенството и тоа уште на стартот.

Екипата на Ска Минск дојде до победа од 27:24 на домашен терен и успеа да му зададе тежок удар на фаворитот со што е веќе јасно дека сезонава ќе биде максимално интересно.  Натпреварот може да се погледне во видеото во продолжение.

Инаку, Ска Минск е десеткратен шампион на Белорусија и тоа во периодот од 1993 до 2002 година.