Тајната на успехот на репрезентацијата на Шпанија (Видео)

Репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство во ракомет на плажа во женска конкуренција полека ја гради својата форма. Домаќинките на деветиот континентален собир започнаа со пораз од Норвешка, но истиот ден се рехабилитираа со победите над Хрватска и Украина. Денеска ја совладаа репрезентацијата на Црна Гора, но загубија тесно од Холандија. Покрај променливата игра шпанските репрезентативки станаа препознатливи по подготовките за секој меч. Нивниот специфичен ритуал го забележа и камерата на 24ракомет, а можете да го погледнете на следното видео: