Татран Прешов ги однесе бодовите од Мешков

Составот на Мешков Брест го претрпе првиот пораз во СЕХА-лигата, а загуби на домашен терен од екипата на Татран Прешов во 4. коло. Гостите од Словачка победија со 32:28 во меч во кој 45 минути имаше надигрување, а потоа Татран набрзина го реши дуелот.

Мешков ги доби првите десет минути и создаде предност од 5:2. Тука имаше одлична најава за средбата бидејќи многу брзо дојде до пресврт и Татран успеа да се врати во игра. Успеа да израмни и после ова следуваше игра во која ниту еден од тимовите не успеа да создаде поголема предност.

На одмор резултатот беше 16:16, а темпото на игра не доби поинаков тек ниту во продолжението од средбата. До 45. минута имаше тесен резултат, а тогаш гостите успеаја да создадат предност и набрзина да направат разлика која ја чуваа до крајот.

Татран приреди мало изненадување и дојде до 32:28 така што дојде до многу важни бодови во битката за добар резултат во оваа сезона.

Инаку, прв стрелец во победничкиот табор беше Бруно Буторац кој постигна седум гола, додека додека по пет имаа Хрстка, Лапајне и Чип. Кај поразените Симе Ивиќ имаше пет гола, а по четири реализираа Шкурински, Потеко и Ѓукиќ.