Татран е последниот противник на Металург во групата Ц

Словачкиот првак Татран Прешов е последниот противник на Металург во групата Ц во Лигата на шампионите, откако во финалето на квалификацискиот турнир го совлада тимот на Горење, со 23:21.

Иако Горење, со екс вардарците Тоскиќ и Брумен, беше сметан за фаворит во овој квалификациски турнир, сепак така не мислеше и словачкиот шампион. На крајот, решавачка беше минималната предност на Татран остварена во првото полувреме.

Кај Татран најпрецизен беше Рабек со 7 голови, пред Урбан со 4 гола, додека кај Горење 5 гола постигна Голчар, а по 4 гола додадоа Клец и Митровиќ. Металург минимум четири пати ќе одигра со словачкиот тим, бидејќи ќе се соочи и во СЕХА лигата.

Во вториот квалификациски турнир во финалето Брага славеше над Брегенц, со минимални 33:32 и обезбеди настап во групата Д.