Татабања го „тресна“ Нексе среде Нашице

Ситуацијата во групата Б од Купот на ЕХФ каде се наоѓа и Еурофарм Работник дојде до кулминација. Силите ги одмерија Нексе и Татабања, а победа однесоа гостите од Унгарија кои сега ја земаа првата позиција во групата. Без поголеми проблеми, екипата предводена од Владан Матиќ го урна противникот со 29:26.

Видно мотивирани гостите од Татабања подобро го отворија дуелот. Во 12. минута стигнаа до 8:2 и добриот старт ги понесуваше во текот на целиот дуел иако Нексе подоцна покажа знаци на живот. Домаќините го возвратија ударот, но на паузата заминаа со негатива од 14:9.

Оваа предност беше доволна голема за одржување. Нексе не успеа да стигне до израмнување, а Татабања веќе имаше решена задача и нова победа во Купот на ЕХФ.

Милош Вујовиќ го растури Нексе со седум постигнати гола. Тимот од Нашице за расположен го имаше Марко Бувиниќ кој стрелаше петпати. Татабања за осум дена го игра последниот натпревар во ова натпреварување токму против Еурофарм Работник. Нексе ќе си ја одлучува судбината за четири дена против Хановер и тоа во Германија.