Тасевски со Нело загуби кај Волендам

Спортинг Нело, екипата за која настапува подзаборавениот македонски интернационалец Влатко Тасевски загуби на гостувањето кај Волендам со 37:32, во рамките на регионалната БЕНЕ Лига, која е пандан на СЕХА, а играат кубови од Белгија и Холандија.

Тимот што беше елиминиран од Охрид во ЕХФ Купот оствари победа, а во главна улога кај гостите беше некогашниот ракометар на Преспа, Пролет и Вардар, Тасевски со 6 голови. Кај домашниот тим, одличен беше српскиот интернационалец Игор Мршуља со 5 голови.