Танчерките го украдоа шоуто во Брест: Шампионот запиша нови три бода преку Мешков (ФОТО)

Во рамките на СЕХА сезоната во Брест, белорускиот шампион Мешков го пречека унгарскиот првак и актуелен освојувач на регионалната лига, составот на Веспрем Телеком. Натпреварот со мал број голови на крајот заврши во корист на гостите кои се радуваа на победата од 16-19.

Веспрем уште на самиот почеток имаше три погодоци предност, а разликата ја одржуваше во текот на целиот меч. Највисоките пет погодоци во 28-та минута им овозможија на унгарските прваци на полувреме да заминат со предост од +4, 6-10.

14368751_813078965461512_7721487900573851297_n

Се обидуваше Мешков да се врати во игра, а на пет минути до крај на мечот успеа да дојде до само еден гол негатива (15-16), но следуваше експресен одговор од Веспрем, а серијата од 4-0 ја прекина Разгор со последниот гол на овој дуел за конечни 16-19.

Најпрецизни во составот на Веспрем беше Маргуч со 6 погодоци, додека Стојковиќ и Атман постигнаа по 4 за домашниот тим.

 

14390681_813078655461543_9153113231470830335_n

Пред почетокот, на полувремето и тајм-аут паузите Мешков им приреди ново изненадување на своите ракометни фанови. Популарната танчерска група на белорускиот шампион не остави никого рамнодушен во спортскиот центар во Брест. Тие веќе неколку сезони се дел од ракометниот клуб, а со своето присутво го збогатија и СЕХА Фајнл Фор турнирот во Вараждин. Во продолжение погледнете неколку моменти од нивниот настап.

14344674_813078635461545_3872153853611975357_n

14322602_813078662128209_7183122788373959999_n