Танкоски потврди: Заминувам во Еурофарм Работник!

Металург сензационално го совлада Вардар по ударите од седум метри и го освои Купот на Македонија што се одржуваше во Куманово. За најкорисен играч на завршниот турнир беше прогласен Марио Танкоски, кој на крајот на сезоната заминува од Автокоманда.

„Да бидам искрен, по високиот пораз во Битола од Еурофарм Работник, малку кој веруваше дека ќе се случи ова. Но, како одминуваше натпреварот сите почнавме да веруваме и ете победивме. Со Бутел одигравме добар натпревар. Со Вардар уживавме во натпреварот, иако губевме многу, сепак не се откажавме до крајот од борбата“, вели Танкоски.

Левиот бек од Струга, ги потврди најавите на 24Ракомет дека следната сезона ќе настапува во Битола.

„Следната сезона ќе играм за Еурофарм Работник“, кратко објасни Танкоски за 24Ракомет.