Танкоски: Ако ги победиме „мечките“ имаме шанса за второ место

По репрезентативната пауза за Металург следува продолжението во Лигата на шампионите. Противник е тимот на Чеховски Медведи, кој беше совладан од македонскиот првак во Русија. Во отсуство на Лино Червар, тимот ќе го предводи Александар Јовиќ. Тој добро ја подготви екипата и во ростерот ќе го има повратникот Филип Кузмановски. Левиот бек Марио Танкоски, сепак е внимателен пред натпреварот со руската екипа.

„Мислам дека овој натпевар со Чеховски Медведи ни е најважен во Лгиата на шампионите ако го добиеме имаме шанси за второ место. Со оглед на резултатот таму, лесно ги пбоедивме но не треба да не залаже тоа. Тие сепак се добра екипа и нема така лесно да се предадат во Скопје.“ – изјави Танкоски.

Мечот меѓу Металург и Чеховски Медведи се игра в недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:30 часот.