Тамше: Среќата му беше сојузник на Вардар!

Вардар го победи Загреб со 23-26 во финалето од регионалната СЕХА лига и ја освои петтата титула. Иако македонскиот првак поведе со пет голови во финишот, Загреб се врати во игра но не го направи завршниот чекор. Тренерот на хрватската екипа, Бранко Тамше смета дека среќата го одлучила победникот.

„Во текот на целиот меч игравме добра одбрана, но Вардар ни направи пет разлика во 47. минута. Сите мислеа дека натпреварот е завршен, но моите играчи веруваа во себе и успеаја да се вратат во игра. Тогаш Вардар го послужи среќата, кога Стоилов погоди од одбиена топка, но секако дека морам да им честитам за победата. Жалам за повредата на Дисингер и мислам дека треба да се внимава добро кога се прави распоредот на натпреварите, бидејќи момците даваат максимум и не се штедат воопшто“, изјави Тамше.

За Загреб сега останува да се фокусира на домашните натпреварувања, додека Вардар ќе го продолжи својот пат во Лигата на шампионите.