Тамше: На почеток не торпедираше Криштопанс и потоа не можевме да се вратиме

Вардар славеше со 18-27 во првиот осминфинален дуел во Лигата на шампионите против хрватскиот првак Загреб.

Тренерот на домашните, Бранко Тамше, вината ја бара во сопствените редвои.

„Ние направивме се споритвно од она што сакавме. Го разбранивме нивниот голман, кој беше на врвот на задачата. Бевме спори во нападот, имавме лоши решенија во нападот. Првото полувреме беше најлошо за нас откако дојдов во Загреб. Знаевме каков е квалитетот на играчите на Вардар, Кристопанс не торпедираше. Заигравме погрубо во одбрана, па имавме некои исклучувања, па бевме казнети. Пробавме на сите начини, но никако не одеше. Можеби почнавме да играме некаков ракомет во вториот дел, но жал ми е што моите момци од она што го имаат во себе, не покажаа ништо. Кога се губи крив е тренерот, а кога се победува заслужни се играчите, па јас ја преземам одговорноста за овој пораз“, вели Тамше.

Реваншот меѓу Вардар и Загреб се игра следната сабота со почеток во 19:30 часот.