Тамше за 24 Ракомет: Вардар има одлични играчи, затоа е и така добар

Ракометарите на Загреб се подготвуваат за новото гостување во Скопје против Вардар во рамки на реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а на тренерот Бранко Тамше не му е воопшто лесно бидејќи треба да го подготвува тимот да се бори на гостински терен со негатива од девет гола разлика.

Хрватите се во тешка ситуација, но не се предаваат. Свесни се дека ќе мораат утревечер и против Вардр и против навивачите.

„Ни претстои тешка средба пред полна сала и Вардар сигурно ќе одигра најдобро што може. Ние сакаме да го поправиме впечатокот од првиот меч каде бевме многу лоши во нападот. Јас сакам да го покажеме нашето вистинско лице и да одиграме квалитетен ракомет. Сметам дека Загреб има голема предност. Вардар игра пред домашна публика и навистина е тешко тука да се направи некое изненадување. Се виде и на првата средба дека Вардар игра одлично, а ние ќе се обидеме да одиграме најдобро што може и да покажеме добар ракомет“, коментираше Тамше во изјавата за 24 Ракомет.

Пред утрешната средба, Тамше направи споредба меѓу Вардар во СЕХА и Вардар во Лигата на шампионите.

„Вардар се консолидираше откако се вратија повредените. Знаат зошто играат и што сакаат да направат. Најдобриот натпревар го одиграа во Загреб и верувам дека така ќе продолжат. Имаат одлична екипа и затоа се и така добри“.

Во однос на тоа на која средба се мисли во моментов, дали е Вардар или Нексе со оглед на тоа што пресметката со „црвено-црните“ е загубена размислувањето е очекувано.

„Ние сме концентрирани на Вардар. И досега одевме чекор по чекор, така и продолжуваме. Во моментов размислуваме само на Вардар. Не размислуваме за СЕХА. За тоа ќе размислуваме после утрешниот натпревар“, изјави Тамше за 24 Ракомет.

Средбата се игра утревечер од 19:30 часот што значи дека после 21 часот тргнува подготовката за полуфиналето од СЕХА против Нексе.