Тамше: Големите европски клубови не се подобри од нас, само побогати!

По натпреварот меѓу Металург и Целје, тренерот на гостинскиот тим Тамше истакна дека младите ракометари и производството на идни ракометни ѕвезди е одлика на двата клуба и затоа целосно го разбира домашниот тренер и филозофијата на Металург. Победата е целосно заслужена, а во тоа се сложи и играчот  Малуш кој додаде дека кога Целје ја одигра својата игра разликата веднаш стана забележителна.

Бранко Тамше, тренер на РК Целје:

Му честитам на Лино Червар и неговата екипа за прикажаната игра. Во оваа рововски работа што ја работиме и произведуваме свои играчи, Металург и Целје тоа го работат најдобро. Не знам дали знаете како е да се работи во тие услови, останатите големите европски клубови не се подобри, туку побогати. Во самиот натпревар поголемото искуство на моите играчи и ситни детали го одредија победникот. Сепак мора да разберете дека се работи за млади ракометари, а силно темпо и голем напор и замор сигурно не е предност, затоа за мене најбитно е дека никој не се повреди во овој дуел.

Јака Малуш, ракометар на РК Металург:

Честитам на Металург за фер и коректниот натпревар. Од самиот почеток не одигравме како што се договоривме во соблекувална, но по 15 минути започна нашата игра и направиме разлика од четири голови на полувреме. Во вториот дел игравме како во грч и потоа повторно започнавме да ја играме својата игра. Уште еднаш честитки за Металург, но мислам дека победивме заслужено.