Тамара Мавсар уште две сезони во Крим Меркатор

Репрезентативката на Словенија и членка на Крим Меркатор, Тамара Мавсар и наредните две сезони ќе го носи дресот на словенечкиот шампион. Мавсар е една од главните играчи во тимот на Марта Бон и спаѓа во групата најдобри ракометарки на позиција крило. Крим минатиот период беше во фокусот на вниманието кога клубот го напуштија неколку ракометарки од странство. Мавсар оваа сезона во Лигата на шампионите постигна вкупно 73 погодоци но нема да се бори за најдобар стрелец бидејки Крим ги заврши настапите во елитното натпреварување.