Талески со најдобар голгетерски учинок сезонава во Бундес Лигата

Рајн Некар ја продолжува победничката серија во Бундес Лигата, откако германскиот шампион славеше на домашен терен против тимот на Хутенберг со убедливи 31:21. Во првиот дел домашните водеа, но само со 2 до 3 голови разлика, па мораа мечот да го решаваат во второто полувреме.

Македонскиот репрезентативец Филип Талески конечно доби поголема минутажа од тренерот Николај Јакобсен и добро ја искористи бидејќи постигна 3 голови од 5 обиди. Следен предизвик за Рајн Некар ќе биде гостувањето кај Вецлар на Филип Миркуловски, а во меѓувреме ќе одиграат натпревар од Бундес Лигата.