Талески најдобар македонски стрелец, „пантерот“ Томовски во ТОП 10 голмани на СП

Македонската младинска репрезентација го освои шестото место на Мундијалот во Алжир, а по неговото завршување, можеме да ги сумираме и индивидуалните достигнувања на ракометарите. Капитенот Филип Талески ова СП го одигра капитенски и секогаш кога ќе загустеше, тој беше тука да повлече.

Левиот бек на Рајн Некар, кој нема да има пауза и веднаш заминува на подготовки со германскиот тим, е најдобар стрелец во македонскиот тим со 41 гол, вкупно 16-ти стрелец на шампионатот. Тој е нашиот најдобар асистент со 24 асистенции, вкупно 3-ти на СП. Кај голманите, Мартин Томовски се најде во ТОП 10 голмани на Мундијалот. Тој има вкупно 69 одбрани, или процентуално 29.1%, што е доволно за 9-тото место во конкуренција на сите голмани.