Талески и Рајн Некар победуваат и со 30 голови разлика

За поранешниот капитен на младинската машка репрезентација на Македонија, Филип Талески, немаше ниту еден ден одмор по завршувањето на Мундијалот во Алжир. Тој веднаш отпатува за Германија и се приклучи на подготовките на Рајн Некар, за кој веќе одигра три натпревари.

По убедливите победи над Хедесхајм со 45:20, како и на вториот тим на Рајн Некар со 52:28, „лавовите“ го победија составот на Биеберау Модау со 47:17, односно 30 голови разлика. Талески беше стрелец на 1 гол на овој натпревар.

Талески ќе ја дели минутажата претстојнава сезона со Ларсен и новаците Близнак и Рниќ, но последните двајца се повеќе дефанзивци, па македонскиот репрезентативец би требало да добива повеќе простор за игра во споредба со минатата сезона.