Талески и Душебаев сè уште во ТОП 10 стрелците во ЛШ

Ракометарите на Металург и Вардар, Филип Талески и Алекс Душебаев и по третото коло од Лигата на шампионите, се наоѓаат во ТОП 10 листата на стрелци, односно го делат седмото место со по 18 голови.

Талески по импресивната партија против Елверум, кога постигна 13 голови, на другите средби го расипа просекот и сега има вкупно 18, со оној 1 што го даде во Москва, против Чеховски Медведи.

Душабаев исто како Талески, го расипа просекот на последната средба со Целје, но најважно е што екипата победува. По 7 голови против Мешков и 9 против Кристијанштад, шпанскиот бек даде 2 против, но сепак индивидуалните постигнувања се ставени во втор план.

Први на листата на стрелците се Магнус Браминг од Холстебро и УвеГенсхајмер од ПСЖ.

strelci