Талески и Душебаев во идеалниот тим на колото од Лигата на шампионите

Двата македонски претставника во Лигата на шампионите имаа победнички старт. Металург потешко од очекувањата се справи со норвешкиот првак Елверум  славеше со 18:17, додека Вардар без поголеми проблеми го победи Кристијанштад во Шведска со 28:23.

На дуелот против Елверум, левиот бек на Металург Филип Талески постигна 13 голови од 18 на македонскиот вицепрвак, па едноставно за него мораше да има место во идеалниот тим. Десниот бек на вардар Алекс Душебаев даде 6 голови, но имаше и неколку одлични асистенции до соиграчите, па и тој заслужено се наоѓа во идеалниот тим.

Идеалниот тим на 1 коло од ЛШ:

Голман – Филип Ивиќ (Киелце)
Лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)
Лев бек – Филип Талески (Металург)
Среден бек – Кентин Мае (Фленсбург)
Десен бек – Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило – Каспер Килделунд (Холстебро)
Пикер – Толга Озбахар (Бешикташ)