Талески доби поголема минутажа, Рајн Некар Левен шокиран на домашен терен

Релаксираниот Рајн Некар Левен доживеа пораз на свој терен во претпоследното коло од Бундес лигата. Лудвигсхафен беше кобен за „лавовите“ од Манхајм, совладувајќи ги со 29:26. Тренерот на домаќините излезе со комбирниран состав и оттаму ваквиот резултат не беше големо изненадување.

Талески успеа да ја искористи својата шанса погодувајќи ја два пати мрежата на противникот. Стартот беше израмнет, а први до предност дојдоа гостите. Неиграњето на големите имиња како Енди Шмид, Јаник Колбахер, Мадс Менса Ларсен си го направи своето и без нив Лудвигсхафен лесно се справуваше со другите играчи на домашниот тим.

Гостите на полувреме имаа огромни 15:11 од кои Рајн Некар Левен не успеа да се врати и им овозможи радост на противниците. Во отсуство на дел од најдобрите, Патрик Грецки и Гудјон Сигурдсон погодија по пет пати. Александар Фелд го предводеше Лудвигсхафен со шест гола.