Талески: Да продолжиме по стапките на Мојсовски и Миркуловски

По завршувањето на репрезентативната кариера на Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски, „ тежината“ од натпреварите на македонскиот национален состав треба да ја понесат помладите членови на репрезентацијата. Филип Талески е еден од оние на кои сериозно ќе се смета во иднина и еден од оние кои ќе имаат поголема одговорност во црвено-жолтиот табор. Во пресрет на дуелот со Украина в среда, Талески изјави дека не чувствува притисок што треба да замени величини како Мојсовски и Миркуловски и најави дека ќе го даде својот максимум во натпреварите што следуваат.

Филип Талески –  „ Ова е прв натпревар во квалифиикациите за ЕП и сите ние што сме повикани ќе го дадеме својот максимум и ќе се бориме за место во тимот. Се надевам дека ќе се прикажеме во добро светло и ќе забележиме победа. Не смееме да ја потцениме Украина, максимално сме спремни и ќе одиграме 60 минути без опуштање. Тешко е да замениме величини како Мојсовски и Миркуловски, но тоа за мене повеќе е предизвик отколку притисок и затоа ние младите треба да продолжиме по нивни стапки  “ – изјави Талески