Талески без погодок, Рајн Некар во трка со Хановер

Рајн Некар влезе во серија во Бундес лигата и денеска го совлада составот на Тус Либек со 36:27. Ова беше нова добра партија на тимот на Филип Талески со што се одржува во чекор со водечкиот тим на Хановер.

Составот на Рајн Некар беше фаворит и пред средбата и лесно дојде до триумф, а на теренот доминираа Енди Шмид со девет гола и Хенрик Пекелер со седум. Талески доби мала минутажа и упати само еден шут кој не беше прецизен.

Инаку, Рајн Некар во моментов се наоѓа на 3. позиција. Има два бода помалку од Хановер, но и меч помалку од лидерот.